Переира со Пинто и Еспиња на поширок список, Португалија ќе има силен состав на ЕП!

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, го објави поширокиот список на 35 ракометари од кој ќе се бараат патниците на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

На поширокиот список Переира ги смести и двајцата вардарци – десното крило Мигел Пинто и голманот Мигел Еспиња Фереира.

Голманот е надвор од играчка форма и паузира поради повреда, па сосема извесно нема да се најде во потесниот избор, додека Пинто би можел да биде конкурира за скратениот список.

Португалија делува моќно со браќата Мартим и Франциско Кошта, кои играат во одлична форма, тука се Салвадор Салвадор, Бранкињо, искусните Итуриза, Портела и Ареиа, па браќата Калваканти, Руи Силва…

Македонија ќе игра против Португалија на 18 јануари, а во групата на ЕП се уште домаќинот Данска и Романија.