Селекторот на машката репрезентација на Полска, Хавиер Хота Гонзалес, го објави поширокиот список од 35 ракометари пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
На списокот на Гонзалес се најдоа и четворица ракометари што од оваа сезона играат во македонската Супер лига.
Станува збор за триото од Вардар – пивотот Виктор Јанковски, голманот Милош Валах и десниот бек Марек Марчињак, како и десниот бек од Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски.
Полска ќе игра две пријателски средби пред ЕП против Србија на домашен терен, а на континенталниот собир ќе игра во група со Исланд, Унгарија и Италија.
Голманот Адам Моравски реши да заврши со настапите за националниот тим, на списокот ги нема ниту искусните Томаш Гебала и Камил Шипжак, кој имаше конфликт за време на СП 2025 со стручниот штаб.


























