Селекторот на Црна Гора, Дидие Динар, го објави списокот од 35 ракометари пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
На списокот се многу искусни имиња, а меѓу нив и левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, кој имаше проблеми со повреда во последниот период.
Динар ги стави на списокот и средниот бек на Прилеп – Владан Кастратовиќ и десното крило на Тиквеш – Балша Чејовиќ.
Покрај Борозан, црногорскиот селектор смета и на Милош Вујовиќ (екс Пелистер), Вук Лазовиќ (екс Вардар), Стеван Вујовиќ (екс Вардар и Металург), Мирко Радовиќ (екс Еурофарм Пелистер), Небојша Симиќ, Никола Матовиќ (екс Струга), Стефан Чавор, Милош Божовиќ…
Црна Гора е во групата Д во Осло и ќе игра против Словенија, Фарски Острови и Швајцарија.
























