Вардар лесно го реши Спартак

Ракометарките на Вардар по поразите од Чаир и Металург Автокоманда, се вратија на победничките патеки во Супер женската лига.

Избраничките на Анжела Платон славеа како гостинки против Спартак со убедливи десет гола разлика, 30-20.

Со овој триумф вардарки се зацврстија на четвртото место на табелата зад триото фаворити со десет бодови, три повеќе од Куманово.

Победникот беше решен во првиот дел, иако Спартак одржуваше рамнотежа десетина минути, но попушти пред паузата кога Вардар направи залиха од шест гола, 17-11.

Во вториот дел само рутински беше одработена задачата. Капитенот Миленкоска имаше девет гола за Вардар, додека Андовска стрелаше девет пати за Спартак.