Екс вардарец на мета на Висла Плоцк

Поранешниот ракометар на Вардар, Бакари Диало, од наредната сезона би можел да го засили полскиот шампион Висла Плоцк.

Диало во моментов е дел од францускиот Тулуз, но според „Upskill Handball“ е на добар пат да се пресели во Полска.

Францускиот дефанзивец има активен договор со Тулуз до 2027 година, но настапите во Лигата на шампионите се голем предизвик за Диало.

Диало играше во Вардар во 2021/22, а пред доаѓањето во Скопје беше дел од Понто Комбо и Трембле. Сега ја одработува четвртата сезона во Тулуз.