Шок за Франција: Конку мора на операција – нема да игра на ЕП!

Десното крило Беноа Конку нема да настапи на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Крилото на Келце го повреди менискусот за време на тренинг пред натпреварот против данскиот Алборг.

Прегледите покажаа дека е неопходна операција, а проценетото време на опоравување е меѓу два и два и пол месеци.

Тоа значи дека нема да настапи на ЕП, но би требало да се врати во втората половина од сезоната за Келце.

На последниот собир на „триколорите“ во октомври, Конку ја делеше позицијата со Јанис Лен и Бенжамен Рише.