ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Празник на ракометот во Битола – доаѓа европскиот првак Магдебург

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и европскиот првак Магдебург од Лигата на шампионите.

По гостувањето на Барселона, оваа сезона во Битола ќе гостува уште еден европски гигант, кој на патот кон одбраната на титулата досега запиша осум победи на осум меча.

Пелистерци без притисок и со мотив да покажат уште еднаш дека заслужено се меѓу најдобрите во ЛШ, ќе се обидат да му ги замрсат сметките на фаворитот.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Покрај натпреварот во Битола, денеска ќе има и две средби од ЛШ во Данска, каде Алборг ќе го чека Нант, односно во Полска, каде Келце ќе игра со Динамо Букурешт.

На македонската сцена ќе се игра еден натпревар од Супер женската лига меѓу екипите на Kуманово и Металург Автокоманда.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 АЛБОРГ – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КЕЛЦЕ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:30 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)