Европскиот шампион Магдебург продолжи со победничката серија во Лигата на шампионите и ја запиша осмата победа во осмиот натпревар.
Избраниците на Бенет Вигерт беа убедливи на гостувањето кај Загреб и славеа со 43-35. Уште од стартот на мечот тие покажаа „кој е кој“ на овој натпревар и во ниту еден момент немаше дилеми околу победникот.
Предводници во победата на европскиот шампион беа крилата Муше и Хорнке, кои постигнаа 11 односно шест гола, голманот Мандиќ имаше 12 одбрани против екс клубот, а кај Загреб единствено расположене за игра беше Белјавски со осум погодоци. Хрватскиот првак останува последен во групата без бодови.
Унгарскиот гигант Веспрем рутински одработи против норвешкиот првак Колстад и славеше со 42-34. Лидер на теренот беше Недим Ремили со седум гола, а голманот Коралес имаше 12 интервенции. Кај Колстад, Симон Јепсон постигна 11 голови.
Келце доживеа дебакл кај Алборг и загуби со 34-27. Гостите парираа дваесетина минути и одржуваа негатива од два до три гола, но потоа Алборг се разигра, на паузата имаше плус шест, а вториот дел го одработи рутински за висока победа.
Томас Арнолдсен имаше шест гола за Алборг, додека седум за Келце даде Алекс Душебаев.


























