Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 8 коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе му гостува на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед и ќе има португалска арбитража.
Правдата ќе ја делат браќата од Португалија, Даниел и Роберто Акото Мартинс, додека делегат ќе биде Николае Визитиу од Молдавија.
Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Сегед Арена“ со почеток во 18:45 часот.


























