Фуриозниот Чаир пак е лидер – доминантно до триумф над Вардар

Ракометарките на Чаир оствари лесна победа над Вардар со 31-28 во првиот меч од 9 коло од Супер женската лига.

Сега Чаир се врати на врвот на табелата со 16 бодови, пред Металург Автокоманда кој има 15 и меч помалку.

Предводнички во триумфот на Чаир беа Билјана Дамчевска со девет и Сабрина Фиоре со седум погодоци, а кај Вардар, капитенот Леона Миленкоска даде осум гола.

Избраничките на Басри Љатифи како гостинки во својата сала уште од почетокот си го фатија редот, имаа во текот на мечот и десет гола предност, а така беше и на паузата, 19-9.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата, чаирчанки малку се опуштија во финишот, па Вардар го ублажи поразот.