По елиминацијата од шпанскиот Елче во ЕХФ Европскиот Куп, македонскиот првак Ѓорче Петров им се врати на победите.
Во заостанатиот натпревар од Супер женската лига, „лавиците“ победија убедливо на гостувањето кај Куманово со 40-25.
Домаќинот парираше на стартот, но уште по првото полувреме гостинките го обезбедија триумфот кога водеа со 21-13.
Второто полувреме беше рутински одработени и повеќето ракометарки добија шанса за настап, но немаше големи промени на теренот.
Во составот на Ѓорче Петров доминираа Теодора Дукоска со девет и Стефанија Ѓорѓиевска со осум гола, а кај Куманово седум гола имаше Нена Нестороска.
























