Изминатиот викенд се одиграа многу натпревари од сите евро-купови во женска конкуренција – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп.
Во Лигата на Европа, единствена македонска интернационалка е Ива Младеновска. Десниот бек и нејзиниот тим Безансон загубија во првата пресметка од Шамбре Турен со 29-25 и ќе имаат тешка задача во реваншот за да обезбедат место во групната фаза.
Во ЕХФ Европскиот куп, Сања Дабевска и нејзиниот тим Бор исто така ќе бркаат негатива од четири гола по поразот со 35-31 од словачкиот тим Дусло Шала. Дабевска беше меѓу најдобрите во српскиот тим и постигна четири погодоци.
Во истото натпреварување, Ивана Гакидова и полскиот Кобержице го победија португалскиот Сао Педро со 33-19 и практично уште пред реваншот го обезбедија местото во осминафиналето. Македонската репрезентативка даде два гола на овој дуел.
ЕХФ Европски Куп, 3 коло, резултати:
Елче – Ѓорче Петров 19-16, 25-19
Бјала – Гуардес 19-45, 24-39
Гарлијава – Венло 22-28
Кобержице – Сао Педро 33-19
Шала – Бор 35-31
Сплит – Металург Автокоманда 24-24
Ацгерсдорф – ПАОК 28-35
Вестфрисланд – Ајдовшчина 27-27
Старт Елблаг – Салерно 26-26
Хаукар – Малага 18-36
Бурса – АЕК Атина 37-29
Корнебург – Кинжварт 24-40
Ериче – Керженг 36-13, 32-17
Лига на Европа, 3 квалификациско коло, резултати:
Естергом – Црвена Звезда 29-28
Хорсенс – Баја Маре 27-21
Лублин – Заглебје Лубин 24-29
Бломберг – Валур 37-24
Бера Бера – Дижон 22-19
Шамбре – Безансон 29-25
Савехоф – Виборг 31-31
Рапид Букурешт – Бенсхајм 28-34
Ларвик – Молде 34-23
Лига на шампиони, 7 коло, резултати:
група А
Ѓер – Сторхамар 40-23
Дебрецин – Мец 30-35
Глорија Бистрица – Борусија Дортмунд 36-32
Есбјерг – Будуќност 36-24
група Б
Крим – Оденсе 30-38
Брест Бретањ – Ференцварош 34-31
Сола – ЧСМ Букурешт 30-38
Икаст – Подравка 36-30
























