Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 8. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 8. коло има по една ракометарка од Чаир, Астибо и Ѓорче Петров.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 8. коло, резултати:
СПАРТАК – АСТИБО 24-28 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 25-40 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 28-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР 33-12 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 8. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Kристина Младеновска Кузмановска (Астибо) – Искусната голманка имаше многу интервенции во клучни моменти против Спартак.
Рона Мифтари (Чаир) – Кадетската репрезентативка на Македонија блесна со 11 погодоци на мечот со Пелистер.
Теодора Дукоска (Ѓорче Петров) – Десниот бек на шампионот беше лидер во убедливиот триумф над Куманово.

























