ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар, како и по еден од Тиквеш, Прилеп, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 11. коло, резултати:

ВАРДАР – АЛКАЛОИД 34-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 45-20 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 22-26 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 24-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ПРОЛЕТ 30-20 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 11. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Благој Панов - голман - Тиквеш
82.98%
Дмитро Горига - лев бек - Вардар
6.38%
Баптист Одифред - десен бек - Еурофарм Пелистер 2
4.26%
Томислав Квастек - пивот - Прилеп
2.13%
Рудолф Хекбарт - десно крило - Еурофарм Пелистер
2.13%
Гоце Ојлески - лево крило - Охрид
2.13%
Јака Малус - среден бек - Вардар
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Благој Панов (Тиквеш) – Чуварот на мрежата на кавадарчани имаше одлична партија и клучни интервенции против Бутел Скопје.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Капитенот на охриѓани биеше без грешка во убедливата победа над Пролет.

Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Украинецот со македонски пасош беше лидерот во триумфот над „сино-белите“ од Автокоманда.

Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Словенечкиот интернационалец ја продолжи одличната форма и на мечот против тимот на Лазаров.

Десен бек: Баптист Онифред (Еурофарм Пелистер 2) – Десниот бек од Франција имаше одлична реализација на дуелот во Струга.

Десно крило: Рудолф Хекбарт (Еурофарм Пелистер) – Бразилецот беше меѓу најдобрите против Куманово.

Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Хрватскиот кружен напаѓач имаше четири од четири против Радовиш, а одлично си одработи и во дефанзивата.