Пролет знаеше дека нема што да загуби на гостувањето во Охрид, но лошото одиграно второ полувреме на скопјани беше причината за високиот пораз покрај езерото 30-20 (13-11). За Охрид ова е петти триумф по ред и се зацврсти на четвртото место на табелата, додека Пролет падна на осмото место, со бод заостанување зад Еурофарм Пелистер 2. Но, серозно се закани и Прилеп кој има 8 бода и веднаш зад Пролет.
Две различни полувремиња одиграа екипите во Охрид. Во првото Пролет се држеше, а Охрид бараше начин како да „избега“ резултатски, што не му успеваше. Затоа Охрид водеше, а Пролет успеваше да израмни. Последен пат 11-11 по што следуваше серија на Охрид од два гола на Срмљан и Ојлески, и со предност 13-11 „гладијаторите“ заминаа на одмор.
За само три минути од почетокот на вториот дел, Охрид зголеми на 17-12 во 37 минута како најава дека е „скршен отпорот“ на гостите и ќе биде полесно до крај на мечот. И така и беше, зашто Пролет немаше сили да се спротистави, а Охрид „уфрли во повисока брзина“ и неколкупати имаше предност од девет гола. Во 57 минута конечно „пукна десетката“ за 28-18.
Гоце Ојлески со 8 гола беше најефикасен кај хрид, а пет постигна Младен Крсманчиќ. Голманот Бојан Блажески имаше 17 одбрани.
Кајгостите Андреј Стојановски даде 6 гола, а четир ипостигна Давор Палевски.

























