Ракометарките на Чаир запишаа убедлива победа на домашен терен против екипата на Пелистер со 33-12.
Домаќинките и со 13 ракометарки во ростерот беа пресилни за битолчанки, кои постигнаа само четири гола во првиот дел, 16-14.
Сестрите Хана и Рона Мифтари дадоа 15 погодоци, а им се придружи и Парагвајката Фиоре со четири за рутинската победа.
Анастасија Тодоровска имаше седум гола за Пелистер, но немаше голема поддршка од своите колешки на теренот.
Чаир сега е прв на табелата со 14 бода, пред Металург Автокоманда кој има 13, но и меч помалку, додека Пелистер е на седмата позиција со два бода.


























