Прилепски „ѕид“ за Шампион – Деспина победи со 31 гол разлика!

Екипата на Деспина дојде до својата четврта победа сезонава, откако пред својата публика убедливо го совлада Шампион со 38-7 во натпревар од 8. коло на Првата лига.

Прилепчанки доминираа од првата до последната минута, прикажувајќи висока ефикасност во нападот и цврста одбрана која целосно ги оневозможи младите ракометарки од Скопје да се вклучат во мечот.

Анастасија Јовановска беше најефикасна во редовите на Деспина со 11 постигнати гола, а Весна Христоска, која се врати во тимот, додаде шест погодоци и значаен придонес во убедливата победа.

Кај скопскиот состав, кој настапува со млада и неискусна екипа, Катја Маркоска даде три гола.