Стојменов и Крстески комбинираа 25 гола, Драчево Јуниор без мака со Кичево

Ракометарите на Драчево Јуниор прославија убедлива победа над Кичево со 52-21 во натпреварот од 9 коло во Првата лига.

Избраниците на Велимир Настески уште по првото полувреме ја обезбедија победата, 25-10, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Предводници на домашниот тим кон убедливата победа беа Александар Стојменов со 15 и Стефан Крстески со десет погодоци.

Во гостинскиот состав Филип Тошев беше најефикасен со 11 погодоци, но тоа беше премалку за нешто повеќе од висок пораз на гостувањето во Скопје.