Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара се наоѓа пред нова етапа во кариерата, откако, според „Handball Basse“, најверојатно ќе се раздели со романскиот шампион Динамо Букурешт.
Цупара, кој последниве сезони беше еден од клучните играчи на Динамо, би можел повторно да се пресели во Бундес лигата.
Според информациите, Гумерсбах, Лајпциг и Ерланген се меѓу заинтересираните клубови што би сакале да го видат искусниот голман во своите редови.
Во Динамо Букурешт ова лето дојде Французинот Самир Беласен, тука е Романецот Јонут Јанку, па Цупара многу веројатно ќе си ја побара среќата на друго место по истекот на договорот со романскиот шампион.


























