Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.
Македонскиот вицепрвак Вардар ќе гостува кај шведскиот Кристијанштад, а ЕХФ делегираше судии од Австрија.
Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ ќе ја делат правдата на третиот дуел сезона на „црвено-црните“, а делегат ќе биде Пер Олесен од Данска.
Натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар е закажан за 11 ноември со почеток во 18:45 часот во „Кристијанштад Арена“.
Вардар досега запиша гостинска победа кај Тулуз и домашна против Сесвете, додека шведскиот тим славеше на гости во Франција, а освои бод и во Хрватска на гостински терен.
























