Тимот на Куманово ангажираше трет странец за новата сезона – доаѓа десниот бек од Бразил, Габриел Гуедеш.
Тој дојде минатата полусезона во Борец ФЛ, но по исклучувањето на овој тим од Супер лигата летоска беше понуден на Струга.
Но тој трансфер не се реализираше па Гуедеш замина во израелскиот тим Бер Шева, од каде што доаѓа во Куманово.
Kуманово е во серија од осум порази по ред во Супер лига и бара начин да излезе од кризата. Од стартот на сезоната си замина тренерот Аце Станковски како и бекот Виктор Трифуноски, а ново засилување ќе биде Гуедеш.

























