Ракометарките на Ѓорче Петров 2 ја продолжија победничката низа во Првата лига и славеа на домашен терен против Јехона со убедливи 44-11.
Разликата во класа беше видлива уште по првото полувреме кога домашниот тим успеа да направи залиха од 23-4.
Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата, и јасно стана дека Ѓорче Петров 2 е единствениот вистински конкурент на Атлетик за врвот во Првата лига.
Во тимот на „лавиците“ десет гола имаше Кристина Наумовска, девет пати погоди Мирјана Наумоска, додека Марија Димоска имаше седум реализации.
Во составот на Јехона, Лазарела Лазареска и Алтина Хасани погодија по три пати.

























