Тимот на Текстилец ја запиша петтата победа во новата сезона од Првата лига, откако славеше на домашен терен, но како гостин против Кичево со убедливи 49-16.
Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога избраниците на Бобан Попов водеа со 23-8.
Вториот дел наликуваше на првиот и домаќините одработија само рутински за победа без никакви проблеми.
Филип Џинес беше предводник на штипскиот состав со 15 погодоци, додека Јован Атанасовски даде девет. Кај Кичево, Филип Тошев имаше девет гола.

























