Maкедонија победнички против Јапонија

Машката репрезентација на Македонија славеше над Јапонија со 29-27 во првиот пријателски натпревар во ЕХФ неделата.

Овој натпревар беше од затворен тип за публиката, а селекторите Кирил Лазаров и Тони Херона пробуваа различни тактички варијанти.

Македонија и Јапонија ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, што ќе биде отворен за публиката на 1 ноември во Куманово од 16:00 часот.

Овие два меча се дел од подготовките за настапот на континенталниот собир во Данска, Шведска и Норвешка во јануари идната година.