ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер, како и по еден од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Вардар, Тиквеш, Охрид и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 9. коло, резултати:

ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 36-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ПРИЛЕП 24-21 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРОЛЕТ 29-38 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 37-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 47-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – КУМАНОВО 37-17 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 9. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
32.00%
Николаос Лиапис - пивот - Охрид
20.00%
Милош Валах - голман - Вардар
16.00%
Алем Хаџиќ - среден бек - Еурофарм Пелистер
12.00%
Богдан Мијушковиќ - лев бек - Тиквеш
12.00%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
8.00%
Рудолф Хекбарт - десно крило - Еурофарм Пелистер
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Милош Валах (Вардар) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот со Бутел Скопје.

Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило имаше свое гол-шоу на гостувањето кај Струга.

Лев бек: Богдан Мијушковиќ (Тиквеш) – Црногорецот беше меѓу најзаслужните за триумфот над Прилеп.

Среден бек: Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер) – Средниот бек беше меѓу најдобрите во победата против радовишани и вторпат во серија е во идеален тим.

Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Десниот бек имаше осум погодоци во убедливиот триумф над Еурофарм Пелистер 2.

Десно крило: Рудолф Хекбарт (Еурофарм Пелистер) – Десното крило беше меѓу најдобрите стрелци во пресметката со Радовиш.

Пивот: Николаос Лиапис (Охрид) – Кружниот напаѓач од Грција третпат е во идеалната седморка, откако беше перфектен и против Куманово.