Тимот на Струга во продолжение од сезоната ќе биде ослабен и ќе настапува без кружниот напаѓач Филип Пајкоски.
Тој и претходно беше надвор од стројот, а сега го реши проблемот со операција на рамото, која мина успешно.
Не е познато колку време ќе трае рехабилитацијата и кога Пајкоски ќе се врати во тренажен процес.
Стружани од претходно се и без Филип Талевски, па стратегот Жарко Ферукоски мора да комбинира на пивотменската позиција.
Досега во сезоната Струга запиша две победи и пет порази и се наоѓа на десеттото место на табелата, а во следното коло ќе гостува во Автокоманда.

























