Голманот на „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Иван Галевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од Супер машката лига.
Галевски имаше 15 одбрани од 35 шута кон голот на мечот со Пролет и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на неговиот тим.
Тој освои 45% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Тиквеш, Димитар Коцев, кој освои 40% од гласовите.
Номинирани за МВП на 8. коло од Супер машката лига беа Николаос Лиапис, Дмитро Горига, Давид Савревски, Бојан Спасовски и Алем Хаџиќ.



























