Италијанци за Вардар во Тулуз

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Вардар му гостува на францускиот Тулуз, а ЕХФ делегираше италијански судии за овој натпревар.

Станува збор за Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, додека делегат ќе биде Шпанецот Винсент Брето Леон.

Натпреварот меѓу Тулуз и Вардар се игра во салата „Андре Бруа“ во Тулуз со почеток од 18:45 часот.