Европската ракометна федерација ги објави составите на Вардар и Тулуз за денешната пресметка во Лигата на Европа.
Иван Чупиќ ќе смета на истите ракометари што играа на првиот меч со Сесвете во Скопје, па нема да играат Богдановски, Танкоски, Ќосевски…повредените Лазаревски, Кеита, Стаменковиќ…
Даниел Анѓелковиќ ќе смета на сите расположиви сили меѓу кои Немања Илиќ, Урош Којадиновиќ, Нико Миндегиа…
Натпреварот меѓу македонскиот и францускиот клуб се игра од 18:45 часот во салата „Андре Бруа“ во Тулуз.