Металари и Николовски со прва задача во ЛЕ – ќе судат сканди двобој

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.

Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе патуваат во Шведска, каде што ќе судат на скандинавски двобој.

Тие ќе ја делат правдата на натпреварот од групата Г меѓу шведскиот Савехоф и данската Фредериција.

Овој сканди дуел е закажан за 21 октомври од 18:45 часот во „Партиле Арена“ во Савехоф.