🎥 Манасков: Треба да бидеме задоволни сами од себе, од борбата…

Барселона првпат гостуваше во Битола, и успеа да ја преживее атмосферата, притисокот од трибините и да триумфира со 34-30 против Еурофарм Пелистер во лигата на шампионите.

Дејан Манасков со уште една одлична партија, и 8 гола од исто толку обидие покажа дека игра во одлична форма, и заедно со Ник Хенингман го предводеа домашниот тим.

„Денеска беше празник за ракометот. Некои имаа шанса првпат да видат некои ѕвезди во живо. Беше добар, машки меч. Дадовме сè од себе. Квалитетот е на нивна страна во моментов, но не се предадовме. Треба да бидеме задоволни сами од себе, од борбата, од срцето што го покажавме. Ова треба да биде правецот по кој ќе одиме и во следните натпревари, вели Манасков.

Битолчани есенва ќе играат со згуснат распоред „среда – сабота“, и ќе треба да се борат на дват важни фронта, во лигата на шампионите и во домашното првенство.

„Сега следи пеколна серија – тоа е што е. Немаме многу време за одмор, играме веќе утре, па потоа и во сабота, но тоа е темпото. Додека има време, ќе се бориме до крај и ќе се надеваме. Се надевам дека наскоро ќе бидеме комплетни, мислам на Самоил, на голманите… Ќе имаме ротации. Ние сега се држиме, а потоа паѓаме со ривалите – тоа е дел од процесот. Ни требаат 16 квалитетни играчи. Се бориме – до крај!, вели Манасков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Во следното коло во ЛШ, Еурофарм Пелистер гостува во Германија кај Магдебург на 23 октомври.