Tимот на Бутел Скопје го очекува нова пресметка во Супер лигата и на свој терен ќе ја пречека екипата на Струга.
Левиот бек Теодор Тодески очекува сигурна победа и очекува камбе на победничките патеки по поразот во Автокоманда и домашното реми со Пролет.
„Како што пристапуваме со 200% на секој натпревар, така и на оваа ќе влеземе мотивирани и очекувам сигурна победа против Струга. После двата меча во Автокоманда и со Пролет очекувам да се вратиме на победите“, вели Тодески.
Гостинската екипа досега има запишано две победи на домашен терен проитв Куманово и Радовиш, а на гости знае само за порази.
„И покрај тоа што тимот на Струга знае да биде незгоден, ние треба да ја играме нашата игра, а тоа е цврста и сигурна одбрана и постигнување што е можно полесни голови од транзиција. За разлика од минатата сезона моја амбиција, но и на клубот е да отидеме скалило погоре, а тоа е постигнување на петото место бидејќи тоа и го заслужуваме“, заврши Тодески.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Струга се игра утре во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:30 часот.