Неколку недели веќе се шират шпекулациите дека левиот бек Симон Питлик е пред трансфер во германскиот првак Фуксе Берлин.
Од неговиот актуелен клуб Фленсбург, со кој има договор до 2030 година, решија да ги коментираат шпекулациите.
Раководството потврдува дека договорот – како што често е случај во спортот – содржи клаузула за раскин, но јасно нагласува дека нема никакви планови за трансфер во летото 2026 година.
„Нема да го пуштиме Симон во летото 2026, и во договорот нема излезна клаузула за тоа лето. Сакаме да го продолжиме патот што го започнавме со него“, изјави Љубомир Врањеш, спортски директор на Фленсбург.
Според германските медиуми, репрезентативниот колега на Питлик од Фуксе Берлин, Матијас Гидсел, наводно ги наговорил челниците на „лисиците“ да упатат понуда до левиот бек на Фленсбург.