Вардар рутински одработи со Пелистер

По триумфот на гости кај Куманово, ракометарките на Вардар запишаа нова победа во Супер женската лига, откако славеа против Пелистер со 29-20.

Битолчанки имаа свои моменти на овој натпревар, но тоа беше премалку за да се надеваат на бодови од ова гостување.

На паузата избраничките на Анжела Платон водеа со 16-12, а во вториот дел во кој минутажа добија сите ракометарки, комплетно го надиграа ривалот.

Предводнички во триумфот на Вардар беа Миленкоска и Трифуноска со по пет погодоци, а кај Пелистер осум пати погоди Тодоровска.

Во следното коло Вардар ќе му гостува на шампионот Ѓорче Петров, а Пелистер ќе го пречека составот на Спартак.