Мечкароски со гол во последна секунда за победа на Струга

Струга е „аутсајдер“ ама победува - падна Куманово

Филип Мечкароски со гол во последната секунда му донесе триумф од 26-25 на тимот на Струга на мечот против Куманово. Иако сите ги сметаат за аутсајдери, стружани по вторпат сезонава победуваат и сега имаат 4 бода, прескокнувајќи го Куманово на табелата.

Струга имаше водство од 5 гола во првото полувреме, но му дозволи на противникот да ја „стопи“ таа предност и да се замине во соблекувалните со резултат 15-14 за домаќините.

Во второто полувреме беше израмнето, иако Струга имаше и водство од два гола, но Куманово тоа го стигнуваше. Во самата завршница гостите имаа водство од 25-24, но Струга преку Наум Костов од пенал израмни, а потоа гостите не реализираа напад, па во контра Филип Мечкароски во последната секунда погоди за радост на домаќините.

За гостите дебитираше и новото засилување Огњен Радојичиќ кој постигна гола од 11 упатени топки, но токму во последните секунди не реализираше напад кој можеше да му донесе триумф на Куманово.

Наум Костов со 8 гола, Филип Мечкароски со 7 и Бобан Савевски со 6 гола беа најпрецизни кај Струга.
Кај гостите, Огњен Радојичиќ постигна 8 гола, а пет даде Давид Димевски.