Maкедонки ќе судат на машки екипи во ЕХФ Европскиот Куп

Европската  ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првите натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, покрај дуелите во женската ЛШ, оваа сезона добија делегирања и во машкиот ЕХФ Европски Куп.

Тие ќе го судат првиот натпревар од двомечот меѓу босанската Слога Добој и летонскиот Тенакс Добеле.

Овој натпревар на кој делегат ќе биде Борис Ивановиќ од Србија е закажан за 11 октомври од 18:00 часот во „Арена Градишка“ во Добој.