Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
По елиминацијата на Бутел Скопје, на Македонија и останаа уште два претставника во ова натпреварување.
Охрид ќе игра со азербејџанскиот Баку, двапати на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ на 11 и 12 октомври од 18:00 часот.
Овие два меча ќе ги судат чешките арбитри Јакуб Ухлир и Војтех Бенус, додека делегат е Црногорецот Радош Ракочевиќ.
Тиквеш ќе мора против незгодниот Бешикташ, а првата средба во Истанбул утре од 16:00 часот ќе ја судат Александрс Радченко и Ралфс Персис, додека делегат е Романецот Јонут Барбу.
Реваншот меѓу овие две екипи што е закажан за во салата „Јасмин“ во Кавадарци на 18 октомври и ќе стартува од 19:00 часот, ќе го судат црногорските судијки Јелена Вујачиќ и Анжелина Казанегра, додека делегат е Божидар Јовиќ од Босна и Херцеговина.