ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел Скопје и Пролет на градски двобој за крај на колото

Со градскиот дуел меѓу Бутел Скопје и Пролет ќе биде затворено шестото коло од новата сезона во Супер машката лига.

Бутел Скопје е во серија од четири победи во елитното друштво по поразот во првата рунда од шампионот Еурофарм Пелистер, додека Пролет има три победи дома и два порази на гости.

Дуелите меѓу овие две екипи секогаш се интересни, а на досегашните девет средби на теренот на Бутел Скопје во историјата на меѓусебни дуели, пет победи има домаќинот.

Две средби завршиле реми, а две победи има Пролет, но тие датираат од 2018 и од 2020 година.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Пролет се игра вечерва од 18:00 часот во салата „Антон Димитров“.