ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид на испит – гостува во домот на шампионот Еурофарм Пелистер

Денеска во центарот на вниманието ќе биде суперлигашкиот натпревар меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и амбициозниот Охрид кој сака да се вмеша во битката за врвот.

Средбата во Битола ќе стартува од 18:00 часот и ќе биде трето во серија гостување за „гладијаторите“ кај екипи што претендираат на висок пласман.

Избраниците на Борис Ројевиќ освоија бод во Автокоманда, од Вардар загубија само со два гола, а сега ќе бидат на тежок испит кај пелистерци.

Друг важен натпревар за женскиот македонски ракомет ќе се игра во Автокоманда, меѓу Металург Автокоманда и Диферданж од Луксембург.

Нема сомнеж дека нашиот тим ќе оди во третото коло и ќе му се приклучи на Ѓорче Петров, но уште една победа ќе биде важна за рејтингот на македонските клубови во иднина.

Од Супер машката лига, има уште еден меч во Куманово, каде домаќинот со старо-нов стратег на клупата, Љубиша Димковски, ќе ги пречека „сино-белите“ од Автокоманда.

Ќе има и прволигашко дерби меѓу Македонија Ѓорче Петров и Младост Богданци, а во Првата женска лига, Ѓорче Петров 2 оди на гости во Прилеп кај Деспина. Во Супер женската лига, Чаир само еден ден по европската елиминација ќе се сретне со Спартак.

На меѓународна сцена има средби од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп кај дамите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ДИФЕРДАНЖ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
16:30 ДЕСПИНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЧАИР – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)