По младинската и пионерската лига, денеска ќе стартува и новата сезона во кадетска женска лига.
Ќе учествуваат шест екипи, а по откажувањето на Младост Ресен, секое коло ќе има по две слободни екипи.
Шампионот ќе се добие по 14 одиграни кола, по седум во есенскиот и седум во пролетниот дел од сезоната.
Во првото коло слободни се Деспина и Металург Автокоманда, а ќе има натпревари во Свети Николе и во Гевгелија.
Кадетки, 1 коло:
05/10, 12:30, Овче Поле СУ – Стружанка
05/10, 15:00, Гевгелија Југ – Вардар