Од денеска до понеделник ќе се одиграат осум натпревари од двете групи во кадетската машка лига.
Во групата А, Вардар и Еурофарм Пелистер 2 кои досега имаат три победи на три меча гостуваат кај Илинден Вардар, односно Мулти Есенс.
Ќе има и регионален двобој меѓу Овче Поле и Текстилец, а Младост Богданци оди на гостување кај Радовиш кој досега нема освоено бод.
Во групата Б, непоразениот Пролет ќе ја пречека Струга, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Охрид на домашен терен.
Кадети, 4 коло:
група А
04/10, 12:00, Радовиш – Младост Богданци
04/10, 18:30, Илинден Вардар – Вардар
05/10, 19:00, Овче Поле – Текстилец
06/10, 16:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
група Б
05/10, 12:00, Алкалоид – Македонија Ѓорче Петров
05/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Охрид
05/10, 13:00, Пролет – Струга
06/10, 18:30, Преспа – Прилеп