Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од „сино-белиот“ тим од Автокоманда, како и по еден од Охрид, Струга, Пролет, Бутел Скопје и Вардар.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 5. коло, резултати:
СТРУГА – РАДОВИШ 27-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ТИКВЕШ 24-19 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 24-22 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 36-29 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП 47-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 31-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Солев (Пролет) – Чуварот на мрежата имаше 12 одбрани и беше меѓу најзаслужните за триумфот над Куманово.
Лево крило: Дамјан Субашевски (Бутел Скопје) – Левото крило ги водеше бутелци до два бода против младите битолчани.
Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Алкалоид) – Стружанецот даде осум гола од девет обиди против прилепчани.
Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Средниот бек и погодуваше и асистираше во победата над шампионот Еурофарм Пелистер.
Десен бек: Михаил Иваноски (Алкалоид) – Охриѓанецот имаше шест од шест, многу асистенции и освоени топки против Прилеп.
Десно крило: Наум Костов (Струга) – Десното крило даде седум погодоци и беше меѓу најдобрите во првата суперлигашка победа.
Пивот: Николаос Лиапис (Охрид) – Кружниот напаѓач од Грција беше нерешелива енигма за кавадарчани.