Ракометарите на Бутел Скопје се во победничка серија во Супер лигата, откако по поразот од шампионот Еурофарм Пелистер, ги совладаа екипите на Радовиш, Прилеп и Куманово.
Избраниците на Горан Кузманоски ги очекува пресметка со незгодниот Еурофарм Пелистер 2, кој досега ги совлада Прилеп и Куманово на гостински терен, а загуби од Вардар и Охрид дома.
Десното крило Бојан Спасовски ги сподели очекувањата од натпреварот што ќе се игра на теренот во Бутел.
„Ние сме во добра форма сме со три победи по ред, но знаеме дека секој меч е ново искушение, нов испит. Ќе дадеме сѐ од себе да ја продолжиме серијата и против незгодниот Еурофарм Пелистер 2. Го респектираме ривалот, имаат млади и талентирани играчи кои преферираат брза игра“, вели Спасовски.
И покрај европската елиминација на стартот на ЕХФ Европскиот Куп, целта на Бутел Скопје и за оваа сезона останува иста.
„Целта на клубот оваа сезона се стабилни настапи и пласман во плеј-оф, како и подобар пласман од минатата сезона“, заврши Спасовски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 ќе се игра во салата „Антон Димитров“ со почеток во 18:00 часот.