Барселона во финалето на Супер Глоуб ќе го предизвика Веспрем

Екипата на Барселона ќе игра во финалето на светското клупско првенство што се одржува во Каиро, Египет, откако со 26-21 (14-8) го победи домашниот тим на Ал Ахли. Противник на Шпанците во мечот за првото место ќе им биде Веспрем.

Во досегашните 18 изданија на Супер Глоуб само еднаш триумфирал тим кој не е од Европа, и тоа во 2002 година, а на сите други првите места им припаднале на екипи од Стариот континент. Барселона се надева дека по пауза од пет години пак ќе се врати на тронот, кад ешто беше во 2019 година.

Оттогаш трипати по ред триумфираше Магдебург, а лани прв беше Веспрем. Во полуфиналниот меч меѓу Барселона и Ал Ахли, гостите од Шпанија доминираа па и немаа проблеми да стигнат до триумф.

Полуфиналниот меч меѓу Барселона и Ал Ахли

Клучно беше првото полувреме во кое Барса имаше предност од 14-8. Таа разлика домашните не можеа да ја стигнат, иако во второто полувреме беа рамноправни и тоа заврши со резултат 12-12.

Тимоти Нгесан со 7 гола и Дика Мем со 5 бе анајпрецизни кај Барселона. Кај домашните 4 гола даде Јасер Саифелден.