ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мелер во ГОГ, Кодрин верен на Гумерсбах, Кадетен го задржа најдобриот стрелец

  • Данскиот репрезентативен голман Кевин Мелер идното лето ќе го напушти германскиот Фленсбург една сезона пред истек на договорот и ќе се врати во татковината откако потпиша со ГОГ Гудме до 2030 година.
  • Левото крило на словенечката репрезентација и на Гумерсбах, Тилен Кодрин, ја продолжи соработката со бундеслигашот за уште две сезони, па ќе остане во тимот на Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2028 година.
  • Швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен го задржа најдобриот стрелец – Исланаѓанецот Один Тор Рикардсон за следните четири сезони, па „рибарот“ ќе остане во овој клуб најмалку до 2030 година.
  • Левиот бек на Колстад и норвешката репрезентација, Симен Лисе, би можел да си замине од овој клуб идното лето. Според „RTHandball“, Лисе е прв пик на Фуксе Берлин како замена за Ласе Андерсон кој ќе се врати во Данска.