Познати арбитрите за „ел класико“: Еве кои ќе судат Вардар – Еурофарм Пелистер

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Супер машката лига.

Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го судат Михајло и Методија Илиевски, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Камер Металари.

Дуелот меѓу Охрид и Тиквеш во СРЦ „Билјанини Извори“ им е доверен на Силвана Карбеска и Марија Илиева, додека средбата меѓу Струга и Радовиш ќе мине со арбитража на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Супер лига, 5 коло:

01/10, 17:00, Алкалоид – Прилеп (Начевски/Николов)
01/10, 18:00, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 (Георгиевски/Георгиевски)
01/10, 18:00, Пролет – Куманово (Ќаев/Ќаев)
01/10, 18:30, Охрид – Тиквеш (Карбеска/Илиева)
01/10, 19:00, Струга – Радовиш (Митревски/Тодоровски)
01/10, 19:00, Вардар – Еурофарм Пелистер (Илиевски/Илиевски)