Лиапис пред Тиквеш: Нема лесен натпревар – мора да имаме сериозен пристап

Амбициозниот Охрид по тешкиот триумф кај Еурофарм Пелистер 2 го очекува домашна задача против незгодниот Тиквеш.

„Гладијаторите“ имаат позитивна традиција во дуелите против кавадарчани во Охрид, а нивните очекувања се да остварат уште една победа.

Кружниот напаѓач Николаос Лиапис вели дека мора да му се пристапи и на овој дуел со доза на сериозност.

„Свесни сме дека ниту еден натпревар не е лесен и дека мора да пристапиме со сериозност и постојаност. Верувам дека ќе одиграме силно и во одбрана и во напад и ќе оствариме победа пред нашата публика“, изјави Лиапис.

Натпреварот меѓу Охрид и Тиквеш се игра в среда во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.