„Подгответе ги шаловите“: Вардарци се качија на трибини и ги повикаа навивачите!

Во пресрет на дербито против Еурофарм Пелистер, ракометарите на Вардар испратија емотивна покана до своите најверни навивачи – „Комити“.

Наместо класична најава, клубот се одлучи за порака со многу емоции, истакнувајќи дека песната и енергијата од трибините ќе бидат нивниот најсилен сојузник во битката за нова победа.

Со повикот „подгответе ги шаловите и чувајте го гласот“, Вардар ја подгреа атмосферата за дербито кое секогаш носи спектакл и страст на трибините.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за среда од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.