Тимот на Астибо ја запиша првата победа во Супер женската лига оваа сезона, откако славеше со 21-20 против екипата на Пелистер.
Штипјанки имаа комотно водство од седум погодоци, 11-4, во првиот дел, потоа и плус шест на паузата, 14-8.
Сепак дозволија битолчанки на седум минути до крајот да израмнат 20-20, а во финишот полн со грешки на двете страни, подобро се снајдоа домаќинките.
Анчева даде гол за 21-20 кога остануваа уште пет минути, двајцата тренери ги искористија своите тајм-аути во финишот, но немаше погодоци.
Голманката Кузмановска го одбрани последниот удар на Пелистер, потоа веќе немаше време за нешто повеќе и бодовите останаа во Штип.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анчева со осум и Богоевска со пет гола, додека Тодоровска со осум и Шиниковска со шест се истакнаа кај Пелистер.