ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на двобој во Кавадарци, Охрид на тест во Битола, дерби во Богданци

Денеска ќе има богат ден на ракометните терени низ Македонија бидејќи се игра во сите конкуренции.

Во Супер машката лига најинтересно се очекува да биде во Кавадарци, каде ќе гостува Вардар, а домашните се секогаш „наострени“ за дуели со „црвено-црните“.

Амбициозниот Охрид оди на гостување кај Еурофарм Пелистер 2, и ќе биде на голем тест во Битола.

Бутел Скопје ќе бара продолжување на победничката серија на гостински терен кај Куманово, а возбудувања се очекуваат и на дуелот меѓу Прилеп и Пролет.

Во Радовиш гостува „сини-белиот“ тим на Кирил Лазаров и ќе ја бара втората победа оваа сезона.

Прволигашкото дерби се игра во Богданци, каде Младост ќе го пречека Вардар Неготино, а на двете клупи се наоѓаат некогашните репрезентативни колеги Горан Андоновски и Пепи Манасков.

Во Супер женската лига, Астибо ќе брка победа против Пелистер во Штип, а ист ќе биде случајот со Вардар кој го пречекува Спартак.

Во Првата женска лига, Атлетик го пречекува во дербито Ѓорче Петров 2, додека во Првата машка лига, „витамините“ од Автокоманда одат на гости кај Овче Поле во Свети Николе.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 Астибо – Пелистер (Македонија)
13:00 Атлетик – Ѓорче Петров 2 (Македонија)
16:30 Вардар – Спартак (Македонија)
18:00 Еурофарм Пелистер 2 – Охрид (Македонија)
18:00 Радовиш – Алкалоид (Македонија)
18:30 Прилеп – Пролет (Македонија)
19:00 Овче Поле – Мулти Есенс (Македонија)
19:00 Куманово – Бутел Скопје (Македонија)
19:30 Младост Богданци – Вардар Неготино (Македонија)
20:00 Тиквеш – Вардар (Македонија)